Димитриевски: Лошите политики на СДСМ се пропуст на Заев

Во емисијата на телевизија 24 свое јавување имаше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој што посочи дека лошите политики во партијата се должат поради пропустот на Зоран Заев кој дозволи многу луѓе да влезат во партијата, а не се достојни за таму.


-Тоа што поединци ги искористија своите функции кои што многу лесно ги добија или ги стекнаа бидејќи во најголем дел ги немаше во првите борбени редови. А, потоа дополнително успеаја да се наметнат во партијата не е пропуст на Макси Димитриевски или друг, туку на самиот лидер затоа што си дозволи тоа, нагласи Димитриевски.


Димитриевски додаде дека очекува лично извинување од Зоран Заев бидејќи излезе со многу погрешни ставови околу него.


извор: kurir.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum