Дилер баран од германската полиција се криел во тетовско – тргувал со големи количини кокаин

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вчера вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30), кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана, на територијата на Германија.


Како што соопштија од МВР, за ова дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.


Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum