Дескоска: Додека бев министер одобрував користење македонски, Македонија, Македонци


Ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор нема забрана за приватни ентитети кои не се финансираат од државата за нивни активности во странство, да го имаат името „Македонија“ во својот назив, изјави за „Слободен печат“ поранешната министерка за правда Рената Тренеска- Десковска.


Претходно Мкд.мк објави дека Министерството за правда одбило да регистрира граѓанско здружение бидејќи во својот назив го имало и терминот „Македонија“. Во решението од ноември 2020, на кое се повикува порталот, со кое се одбива регистрацијата, се вели: „Термините ‘Македонија’, ‘Република Македонија’, ‘ПЈР Македонија’, кратенката ‘ПЈРМ’, во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација“.


Одговарајќи на прашањето на „Слободен печат“, Дескоска вели дека додека била министер за правда, одобрила десетици барања за користење на името „Македонија“, „Македонци“, „македонски“, за институции што не се финансирани од буџетот.


„Додека јас бев министер, беа одобрувани сите барања со употреба на овие термини, вели таа.



извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum