Данска ја прекинува вакцинацијата со „АстраЗенека“- Пациентка почина од згрутчување на крв

Данската национална здравствена агенција објави дека привремено ја прекинува имунизацијата со вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19, откако кај одредени пациенти по вакцинирањето се појавило згрутчување на крвта а една од пациентките по вакцинацијата починала, пишуваат медиумите во оваа земја.

Данската агенција објавила дека не ја утврдила точно поврзаноста помеѓу згрутчувањето на крвта кај пациентите и вакцината, но ги замолила регионалните власти, одговорни за вакцинација, засега да престанат да ја користат вакцината „АстраЗенека“, пишуваат медиумите.

Здравствените власти најавиле дека повторно ќе ја проценат ситуацијата во договор со данската агенција за лекови, но нагласиле дека постојат добри докази дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Медиумите во Данска објавија дека оваа привремена суспензија значи дека луѓето кои биле имунизирани со првата доза на оваа вакцина засега нема да ја добијат втората, а сите нови вакцинации со „АстраЗенека“ се откажани.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum