ДАНИЛОВСКИ: Паднавме на испитот и власта и здравствените работници

Докторот и професор Драган Даниловски вечерва во гостувањето на Топ тема кажа дека многу е важна соработката на граѓаните, односно да се почитуваат мерките и дека вирусот воопшто не терба да се потценува туку дека тој се уште е присутен и зема замав.


Даниловски истакна дека масовното тестирање е тоа кое ќе покаже кои луѓе го носат во себе вирусот, а немаат симптоми. Порача здравствените работиници сплотено да работат, без поделби, бидејки така ќе има поголеми резултатати во борбата против оваа болест. И истакна дека за жал бидејки го живееме и т.н. втор неочекуван бран на испитот паднале и власта и здравствените работници.


Според некои мои математички проценки и информатичари од Сингапур опашките на ковид- 19 требаше да завршат кон средина на јуни. Но кај нас т.н. втор бран не изненади. Се покажа дека има и теории на заговор, се случија и групирања, токму поради притисокот „Ти ли ќе ми кажуваш на мене“, бидејки некои граѓани се чувствуваат побезбедни кога се во група. Секако има луѓе кои со убав збор знаат да почитуваат мерки, додека некој други пет пари не даваат за мерките во целава оваа работа, откако видовме дека има непочутување, што ако од надвор ги затвориш, а внатре тие повторно семејно си се дружат, вели Даниловски за Топ Тема.


Тој порача дека свесноста на граѓаните во оваа борба протов ковид-19 е многу важна.

Моите препораки за контрола се со одредена веројтност ако остане на свесноста на луѓето на ниво како до сега ќе очекуваме зголемување на бројката и на места кај што нема голем број заразени. Паднавме во испиотот во секој поглед и во ниво на власт и во здравствениот круг. Илзезе дека ние како здравствени работници не сме сложни.


Комисијата за заразни болести треба да ги следи работите, да процени добро дали се потребни стрикни карантински мереки. ако се одлучат затоа да се стават одредени населби, па и маала и улици, не мора цел град. До сите релевантни фактири и здравствени работници, сите да се сплотиме да се симнеме меѓу луѓето и народот. Да седнеме со влијателните луѓе, попови, оџи, бизнисмени, за обичниот граќанин да слушне од нив дека вирусот е присутен, интензивна капмања на комуницирање, за заштита на сите луѓе од вирусот. Летето не е гаранција дека вирусот ќе замре, Африка е пример затоа.


мерките мора малку да се опуштат, па да се затегнат, уметност на жонглирање, со цел да не колабира системот и економијата. Важно е да соработува народот, тоа е поради заедничката загозеност на сите. Многу важно е покрај ресрективни мерки мора и масовно тестирање, ако тестирате поголем број контакти, многу поголема веројатноста да дојдете до позитивни резултати. За да може најобјкетивно да се процени ситуацијата, неопхидно е масовно да се тестира од општата популација, по семејство по еден член да се тестира. На таков начин ќе се најдат луѓето кои не знаат, а се позитивни, кажа Професор Доктор Даниловски.

извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum