Дали криминалот во Македонија се затскрива со етничка и партиска припадност

Послем видеото вчера кое се појави на социјалните мрежи и ударните насловни на медиумите со полни коментари на омраза и осуда кон македонската полиција се отворија многу прашања за тоа дали етничката припадност на некои граѓани е поеднаква од останатите граѓани, до каде се ингеренциите на службените лица, кога смеат да интервенираат, кога не, на кој дел од територијата и како да постапат со лица кои пружаат отпор, насилство и кривични дела дали треба да одат на дополнителни "ВУДУ" обуки кои ќе придонесат службените лица да интервенираат без контакт со магија.


Дали медиумите контактираа со службеното лице или побараа информација од МВР за тоа дали била загрозена безбедноста на граѓаните, дали имало напад на службено лице и дали соработувале со службеното лице со цел на легитимирање и расветлување на настанот.


Во истиот ден во Велес беа претепани 5 службени лица од дрвократци па затоа прашуваме како да интервенира полицијата во ова најкорумпирана и криминална држава во Европа дали криминалот се затскрива позади партиската и етничката припадност.


ДАЛИ СИТЕ НИЕ ГРАЃАНИТЕ И ПАРТИСКИТЕ СУЛТАНИ ПРИДОНЕСОВМЕ СО НАШЕТО ПОВЕДЕНИЕ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА НЕ ПОСТАПУВААТ ДА БИДАТ ДЕМОТИВИРАНИ И ОСУДЕНИ.






29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum