ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Како стручно Ден Дончев трпа мито во торба
Од серијата на лажни вести кажани како факти, од ветени, а ненаправени работи од страна на власта, наречена „Да не се заборави“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го споделува видеото на кое се гледа тогашниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, кој зема купче пари од некого и ги става во торба.
Откако даде отказ од директорската функција, Дончев го снема од јавноста, а за овие снимки сè уште нема отворен случај, туку, како што информираше во ноември обвинителката Вилма Русковска, се води предистражна.

извор: vecer.mk