ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Апел за помош за 26 годишниот Боро Стаиќ на кој итно му е потребен апарат

Апел за помош за 26 годишниот Боро Стаиќ на кој итно му е потребен апарат за асистирано искашлување.


Боро Стаиќ е момче на 26 годишна возраст. Поради повреда од неговата 18 годишна возраст е парализиран од вратот надоле, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде што е хоспитализиран поради Ковид-19.

Тој не може сам да се искашла и при такви ситуации се гуши. Затоа итно му е потребен апарат кој го викаат „машина која живот спасува“ со која неговите родители ќе можат да му помогнат во случај на гушење. Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта.

Неговите најблиски роднини и пријатели апелираат за помош, да се помогне на младиот Боро и да се набави апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот. Сметката на која може да се донира е следната: 210501699867140 – Боро Стаиќ

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum