Црна статистика за Македонија: Земјава прва по смртност од коронавирус во соседството

Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и починати лица од коронавирусот.

Во соседството, нашата држава е на неславното прво место. Имаме најмногу смртни случаи во споредба со Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Косово, сите соседни земји, на починати на еден милион жители. Меѓу земјите од регионот, пак, само Словенија има поцрни бројки, согласно последните бројки од вчерашниот ден.

По број на починати лица од коронавирус на еден милион жители, Македонија бележи 42 случаи, а БиХ, која преку најмалку две државни граници на други земји има повеќе, т.е. 24 починати. Сите останати земји во целиот регион имаат помал црн биланс од нашиот.


Починати на 1милион жители

Македонија 42 БиХ 24 Србија 23 Хрватска 19 Грција 14 Црна Гора 13 Албанија 11 Бугарија 11


Заразени на 1милион жители

Србија 1094 Македонија 729 БиХ 587 Црна Гора 514 Хрватска 512 Албанија 279 Грција 253 Бугарија 243


Тестови на 1милион жители

Црна Гора 12445 Србија 12185 БиХ 10478 Хрватска 9510 Македонија 8332 Грција 7767 Бугарија 7239 Албанија 3129

извор: курир.мк

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum