CNBC: Фајзер и Модерна не можете да ги тужите ако нешто тргне лошо по вакцинирање со нивните вакцини

Фајзер и Модерна не можете да ги тужите ако нешто тргне лошо по вакцинирање со нивните вакцини, пишува CNBC и додава: А и од владата не очекувајте дека ќе ви биде нешто компензирано.


Во случај некој да доживее жестоки нус-појави по добивање вакцина против ковид, според адвокатите кои биле консултирани од CNBC, практично не постои субјект кој може да биде тужен пред американските судови.

Федералната влада им гарантираше на компании на Фајзер и Модерна имунитет од одговорност ако нешто тргне лошо со вакцинацијата. Предмет на тужба не може да биде ни Американската федерална агенција за храна и лекови која ги авторизираше вакцините а не може да биде обвинет ни работодавец кон инсистирал на вакцинација како предуслов за држење на работното место.

Американскиот конгрес има креирано фонд специјално наменет за покривање на изгубените плати и други трошоци во случај на несакани последици од акции како што е вакцинирањето но било ужасно комплицирано тој фонд реално да се искористи и реално да се земат пари. Адвокати велат дека преку него досега биле компензирани само околу 6% од поплаките кои на овие основи биле поднесени во последната деценија.

Уште во февруари 2020, беше обновен еден закон од 2005 по кој компании не можат да сносат правни и материјални последици заради дистрибуција на критични медицински набавки какви што се вакцините.

Ваквиот правен имунитет е без преседан во досегашната историја но без преседан беа и очекувањата од фармацијата.

„Кога влада ќе ви каже дека од вас очекува да развиете нешто 4 или 5 пати побрзо од вообичаеното темпо, како произведувач е логично да ѝ кажете добро, ама ние од вас бараме да нè заштитите од мултимилионски тужби,“ вели еден адвокат за CNBC.

Досега најбрзо развиената вакцина беше онаа за заушки која беше готова за 4 години и доби лиценца во 1967 година. Фајзеровата вакцина за ковид беше развивана, тестирана и доби дозвола за само 9 месеци, што е една од најсериозните причини за недоверба во добар дел од јавноста. Според една неодамнешна сондажа на Истражувачкиот институт Пју, околу 4 од 10 Американци „дефинитивно“ или „веројатно“ нема да сакаат да се вакцинираат.



извор: off.net.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum