Царовска наместо екскурзии и кампања да започне со реално решавање на проблемите во образованието



Царовска наместо екскурзии и кампања да започне со реално решавање на проблемите на основците, средношколците и студентите


Почитувани,

Во текот на денешниот ден, Мила Царовска ја посети општина Битола, каде имаше можност да види како Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги решаваше проблемите на студентите во 2014 година отворајќи го "ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ како нова единица на битолскиот Универзитет. Денес факултетот е еден од најдобрите и најперспективни факултети на Универитетот Св. Климент Охридски - Битола. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет комплетно фокусиран на едукација на информатички кадар.

ФИКТ придонесе, во Битола да се отворат повеќе од 40 (четириесет) ИТ компании, во кои се вработуваат високо платени, млади ИТ кадри.


Добро е што конечно се сети да посети и едно средно училиште во Битола, па да може да ги види условите за работа. Учениците се соочуваат со недостаток на модели за практична работа, а за состојбата со инфраструктурата - во некоја друга прилика. Дел од практичната работа се одвива по приватни компании чии посети се редуцирани заради економската и здравствената состојба во општината и државата.

Повеќе од очигледно е дека министерката Царовска започна кампања за претстојните локални избори затскриена зад нејзиниот нов проект каде како што и самата вели, ќе идентификува профили на ученици.


Министерката Царовска, наместо да се грижи за катастрофалните состојби во училиштата, неуспехот со платформата за онлајн учење и незадоволството на средношколците од полагањето на матура во време на пандемија, смислува настани за дефокусирање од реалните проблеми.

Предлагаме, Царовска наместо екскурзии и кампања за локални избори, барем еднаш да започне со реално решавање на проблемите на основците, средношколците и студентите, без измислени проекти со невладини организации кои се блиски до неа и до нејзиниот шеф, Зоран Заев.


СИЛВАНА АНГЕЛЕВСКА - Пратеник во Собранието на Република Македонија


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum