Бошков: Собранието нека се распушти, па пратениците нека се стрпат

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, смета дека стопанствениците се заложници на политичарите, чии што постапки се безидејни и неразумни. На бизнисмените им е преку глава од пораките „да се стрпат“, бидејќи оваа состојба трае предолго.


-За жал, нашите судбини се во рацете на оние кои немаат други идеи, освен да се препукуваат и да фаќаат политички поени. Ова што се случува е трагично за микро и малите фирми и за исте оние кои даваат услуги, за кои сега нема побарувачка. Економијата е на колена бидејќи и потрошувачката е драстично намалена. По сето ова што се случува веќе не важи пораката дека се спасени 60 до 70.000 работни места, ако секојдневно се губат стотици други. Ни велат да се снајдеме, да се стрпиме. Како? Со лажење, со арамилак, со матни работи? Ако не може да работи Собранието, нека се самораспушти, па пратениците нека се стрпат – порачува во изјавата за „Слободен печат“, Миле Бошков.


Ако не може поинаку и Бошков е на мислата да се прогласи вонредна состојба, па законите кои чмаат со месеци да се носат со владини уредби.



извор: slobodenpecat.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum