Боки 13 осуден на 9 години, Катица Јанева на 7 години затвор за рекет!

Бојан Јовановски познат како Боки 13 како првообвинет доби вкупно 9 години затвор  додека поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева доби 7 години  за случајот „Рекет“.


Катица Јанева не ја слушна во живо својата пресуда бидејќи поднесе барање да не биде спроведена во судот.


Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица.


На првото рочиште за овој случај обвинетиот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор.


Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се води судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.

извор: Вечер.мк

29060043_2016680208590936_36926234558838