Боки 13 од затворот во Шутка на негово барање е спроведен во Обвинителството

Бојан Јовановски кој пред неколку дена беше осуден на затвор од 9 години за случајот „Рекет”, денес на негово барање е однесен во Обвинителството во Скопје.

Тој побарал од судот да му биде дозволено да се сретне со обвинител. Од Истражниот затвор во Шутка каде што ја издржува мерката притвор тој веќе е спроведен во зградата на Обвинителството.


Основниот кривичен суд во Скопје испратил писмено известување дека Јовановски побарал да дојде во Обвинителството, но детали околу тоа за што ја бара средбата и дали конкретно се работи за поднесување на кривични пријави и против кого ќе се знаат откако ќе заврши средбата.


Додека траеше постапка за „Рекет“, Јовановски неколку пати обвинуваше дека имал закани по неговиот живот, како и дека постапката против него е фингирана.


Најавуваше и кривични пријави и бараше средби со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.


mkd.mk tera.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum