Бојкотот на средношколците продолжува: Не за државна матура
Средношколците ширум Македонија ја бојкотираат наставата бидејќи не се согласуваат со одлуката на Министерството за образование и наука дека државната матура треба да се полага по секоја цена.
Средношколците реагираат дека не добиваат квалитетно образование преку онлајн наставата и дека не може да се полага под овие услови.
Од здружението „Средношколски глас“ порачаа дека бојкотот ќе продолжи и следните денови.
– Бојкотот на наставата продолжува и следните денови почнувајќи од 14.12.2020. Ве повикуваме сите средношколци да се избориме заедно и да кажеме НЕ за државна матура 2020/21!, порачуваат тие.

извор: lider.com.mk