Бојан Јовановски во судот – како Заев „купувал“ пратеници и го вадел Мијалков од затвор

Средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев се случила на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев а за тоа и се фалел.


Јордан Камчев се фалел со ова, и дознав дека имало планирана конструкција за рушење на СЈО. Значи планирана конструкција за рушење на СЈО од страна на Зоран Заев. За тоа има и снимка од тој разговор. Разговор помеѓу Камчев и Заев. Го снимал Камчев и на тој разговор се слуша како Заев на нас двајцата – „на педерот и на дебелата ќе ни ја ебел мајката“, мислејќи на Катица Јанева и на мене – вели Бојан Јовановски.


„Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ – порака од Зоран Заев испратена до Бојан Јовановкси на 16. Април. Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала Вилма уште на 16. Април ако пријавата е направена на 2. Мај? Кој му ги дал доказите на Заев, вели 13-ка.

„Се е труло во земјава Македонија“ – вели Јовановски, објаснувајќи дека знае и како „фрчеле телефони“ за избор на судии и за избор на Судски совет.


„И сега што треба, да се жалам од вас на Судскиот совет? Немам намера, каде да се жалам кај кого“ – прашува Јовановски.


12.11.2019 кабинет на Катица Јанева, јас присутен кај неа. Ме носи шоферот, мене и Гордана Дувњак. На таа средба Катица и јас сме фотографирани и на истата Катица држи документ од соопштение до медиуми за гостување на емисијата „Правда неправда“ кај Дувњак на „1ТВ“. – вели Јовановски.


На предметот за „Меѓународен Сојуз“ ќе се подготвам добро, но држете ме за збор на тоа судење Вилма нема да дојде. Тек тоа фијаско што ќе го доживее – тоа ќе и биде крајот на обвинителската кариера.


Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков бидејќи имал пратеници кои требале за да му гласаат уставни измени.


Е, СЈО веројатно имало повеќе предмети, и затоа е унитштено. А Катица повеќе знае и затоа е предмет на уцена и закана.


Сашо имал повеќе пратеници чии гласови му требале. Ова ми го кажа личлно мене.


Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне.


Како и кога е пуштен Мијалков знаете? Пуштен е во сабота со решение на судија на претходна постапка Весна Димишкова. Таа судијка тогаш ја бараше Гордана Дувњак која истражуваше како е пуштен Мијалков, и и кажа дека била повикана веднаш да дојде во судот од страна на претседателот Џолев за да го пушти Мијалков од притвор.

Каде се парите?


Вилма Русковска е поврзана со криминал од милиони евра. Првиот случај е со Мирослав Атанасовски од Бардовци, второто е поврзано со Дејан.


Бојан Јовановски го повика јавниот обвинител кој го истражува случајот „Рекет 2“ со „Дијамед“ да го повика да сведочи против Вилма Русковска.


По ова беше прекинат од судијката бидејќи се зборувало за друг случај и постапки.

извор: infomax.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum