Бобан Авалон: Или пуштете да има концерти или ќе ја преселам работата во Србија


Бројот на заболени и почи нати од Корона кај нас секојдневно се зголемува. Но од друга страна, во соседството почнаа да се организираат масовни настани.


Вчера во Белград, се одржа вечното дерби меѓу Sвезда и Партизан пред полн стадион. Дали има вистина во тврдењето на некои здравствени стручњаци дека вирусот слабее, па се оди на колективен имунитет, останува да видиме.


Бобан Милошески од Авалон Продукција бара враќање на музичките концерти до крајот на јули. На официјалната страница на продукцијата, тој објави јавен апел, во кој пишува дека концертите се бизнис и двигател на туризмот, и имал визија да го заживее Охрид од крајот на јули, а Скопје од крај на август.


Појаснува дека ова е апел, а по него следел катанец, ама само за Македонија. Во продолжение, неговата објава:


„ДА СЕ ВРАТАТ КОНЦЕРТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА ЈУЛИ!!!


Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го изескивираме.


Страшно е и поради тоа е цела држава во паника што се има нула визија и минус нула реализација во тоа… Што после него? Како да се чувствувам јас да речеме?


Ние сме ги работеле во Белград: Iron Maiden, Amy Winehouse, Simply Red и барем уште 30 концерти.


Авалон го донесе Bob Dylan во Белград. И за прв пат… во градот во кој во 1970-те биле Miles Davis и Tina Turner… за прв пат ги донесе ZZ Top, Diana Krall итн…


Сега читам – концертите се вратија таму, EXIT продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту не прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот да речеме, за некој месец и пол.


Треба ли да ја преселам работата скроз таму? Изминативе три години ја преселив скроз овде.

Еј… лани во Скопје беа: Sting, Lenny, Eros, Bryan Adams. Во една година!!! Треба ли да ја преселам сега скроз таму?


Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, Авалон има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и дел од соработката со нас.


Имаме како Авалон визија како да го заживее Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август.


Овој пост е апел! После него следи катанец. Ама… само за Македонија.


Бобан Милошески, Авалон Продукција“

извор: galama.club


29060043_2016680208590936_36926234558838