Благој Шаклевски: Идеологија- НЕ СЕ ЗАМАРАМ !

* Идеологија : НЕ СЕ ЗАМАРАМ !


(Објавено на денешен ден 2017 г.)

Цели 25 години Сорос со многу пари ни го отвора општеството, а во пракса гледаме дека ефектот е сосема спротивен.

Можни се два одоговори:

- или цело време грешел(е) и не знаел(е); - или намерата му била обратна, да затвори, наместо да отвори.

Искрените "граѓански" активИСТИ денес се прашуваат како да се откријат вистинските колективни теми на општеството, а да не се диктирани или под влијание од политичките елити на партиите или интересите на бизнисот.

Но има една заедничка "тема" на новиот светски глобализиран "поредок" која е идентична и како вирус на глобализацијата е веќе раширена сегде, особено кај младите не само во Македонија ами и низ целиот свет, а се вика: - "НЕ СЕ ЗАМАРАМ".


Во таквиот "поредок" не се важни земји, нации, традиции, родови, полови и било какви "калапи" кои дефинираат некаква ограничена припадност (оти секоја припадност според поредокот значи ограничување на слободата).


Во таквиот "ослободен" поредок сите се безлични униформирани граѓани кои НЕ СЕ ЗАМАРААТ со такви "глупави и застарени" теми како на пр. Нација, Семејство, Вера, Традиција туку се граѓански "космополити" без идентитет, налик на зомби.


Е дури откако ќе ги избришат сите граници и целосно ќе нѐ ослободат од "застарените" и тотално "немодерни" клишеа и откако сите ќе станеме едногласни во мантрата - НЕ СЕ ЗАМАРАМ, дури тогаш почнува вистинската контрола и заробеност од новата "слобода".

Сакате преку Големиот Инквизитор во Карамазови на Достоевски од Исток, или преку визиите на Орвел и Хаксли од Запад, сеедно е поентата е иста - "Нахрани ги и тие ќе те следат !"


Враќањето на цивилизираниот човек кон основните анимални инстинкти и страсти денес е убаво медиумски и филмски спакувано во привлечен целофан на т.н. "просперитет" и лагоден живот, зад кој всушност се крие себичен соголен животински хедонизам и силна глад за храна, секс и секакви уживања.


Не сум сигурен дали ваквиот глобален процес воопшто може да се сопре, но знам дека на светот му претстои нов хаос од кој ќе произлезе и нов ред.


Кој каде ќе се најде во хиерархијата на тој Нов Поредок ќе зависи исклучиво од него како поединец и од степенот на неговата лична осознаеност.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum