Битолскиот бизнисмен Божиновски до владата: Битола ќе покаже непочитување какво и што добива

Битолскиот бизнисмен Игор Божиновски, сопственик на успешната компанија Bozinovski Watches and Jewelry, многу често преку статуси на социјалните мрежи, ги коментира моменталните настани во градот Битола, но и во државата.


Тој остана запаметен кога пред повеќе од две години се понуди да ја исчисти Битола бесплатно:


Тој побара од градските власти да го постават за директор на комуналното претпријатие во градот, за да ја ИСЧИСТИ БИТОЛА!


И за тоа не побара плата, напротив, како што рече, би платил! (претпоставуваме би финансирал одредени проекти за доброто на Битолчани од сопствен џеб).


Пред околу две недели, Игор Божиновски ги коментираше најновите владини мерки, со кои се предлага еден ден во неделата да биде без ДДВ. Божиновски истакнува дека ваквата мерка него во принцип му одговара, бидејќи познато е дека тој има продажни објекти во шопинг моловите.


Но сепак, коментирајќи го коментарот на поранешниот советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ, тој предлага поинаква мерка:


Во мој интерес е да се воведе оваа мерка. Но како што и предходно го кажав мојот став кој не е израз на моите лични интереси туку претставува глас на разумот, скоро секоја мерка е вовед во масовен ха ос и безумие. Кој ли ќе знае кои се крајните цели на ова безумство.


И на крај секогаш завршува со : пу пу неважи, но ако не се проба , како би по поминало?? Главна алатка е АППм[ ако помине – помине ].


ПС: Ако сакате здрава економија и поддршка на долги стази, еднаш воведете го системот на Такс Фри ( Tax Free ) кој на хартија и по закон постои од 2000 год. но неспособноста на сите влади ( и скриени интереси околу фри шоповите) го осак атија овој народ за големи милиони.”


Синоќа Игор Божиновски, помалку резигнирано од најавата за карантин и во Битола, град во кој со денови нема случај на корона позитивен, на социјалните мрежи напиша:

“До Влада на Република Северна Македонија.


Ако Битола која е 13ти ден без заболен треба да ги сноси последиците на непочитувањето на одредени кластери но пред се ЖОНГЛИРАЊЕТО на Владата со верските варијабили, Тогаш подгответе се на мирен протест во Сабота во Битола.

Битола ќе излезе и ќе покаже непочитување какво и што добива!!

извор: galama.club

29060043_2016680208590936_36926234558838