Билт Гејтс има пари колку што не може да потроши, а ДЕЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ЖИВЕЕТЕ СО 2 ДОЛАРИ НА ДЕН

Најбогатиот човек на светот, со заработени дури 74,9 милијарди долари, Бил Гејтс даде интересна изјава, која многумина ги насмеа, а разбесни многумина.

Иако има повеќе пари отколку што може да потроши за педесет животи, основачот на „Мајкрософт“ се обиде да замисли како би живеел ако по некоја случајност бил целосно сиромашен.

Гејтс помина многу време помагајќи им на сиромашните во Африка и добро знае како луѓето преживуваат во екстремна сиромаштија, а сега понуди совети како да преживееме со само два долари на ден.

- Би одгледувал кокошки. Како прво, кокошките се лесни и евтини за одгледување, а јас можам да придонесам за одржување на здравјето на децата бидејќи кокошките се непроценлив извор на хранливи материи. Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетоста, а постои и можност за продажба на кокошки и јајца, а потоа со тие пари да се купи друга храна. Кокошките се добра инвестиција, вели Гејтс и додава:

Да претпоставиме дека земјоделец започнува со пет кокошки. Еден сосед има петел што може да оплоди кокошки за да несат повеќе јајца. По три месеци, земјоделецот може да има дури 40 кокошки. Конечно, продажната цена од пет долари за пиле, што е типична цена во Западна Африка, може да доведе до заработка од над 1.000 долари годишно - објасни Гејтс на својот блог.


извор: vecer.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum