„Би-Би-Си“ ги објави наградите во Премиер лигата: Хендерсон и Клоп прогласени за најдобри!
И покрај фактот што фудбалот во Англија е запрен скоро два месеци поради пандемијата од коронавирус, сепак националниот сервис „Би-Би-Си“ ги објави традиционалните награди за Премиер лигата.
„Би-Би-Си“ ги објави победниците во 10 категории, а меѓу победниците очекувано доминираше Ливерпул.
Играч на сезоната – Џордан Хендерсон
Капитенот на Ливерпул доби 23% од гласовите и ја победи конкуренцијата од Садио Мане (17%) и Кевин де Брујн (14%).
Менаџер на сезоната – Јирген Клоп
Менаџерот на „црвените“ убедливо ја освои наградата со дури 55% од гласовите. На второто место е Крис Вилдер од Шефилд Јунајтед, а на третото Нуно Еспирито Санто од Вулверхемптон.

извор: спортски.мк