Беше бебе оставено пред манастир, поради лузната го навредуваа – но издржа и стана светска легенда!

Многу познати спортисти имаат екстремно тешки животни приказни, а oд животот на Франк Рибери ќе ви потечат солзи на очите. Францускиот напаѓач никогаш не ги запознал своите биолошки родители. Имено, како бебе, тој бил оставен пред вратата на манастир во Франција. Имаше само две години кога претрпе ужасна сообраќајна несреќа. Заработи лузна што го одбележа целиот негов живот. Имаше стотици конци на лицето, раната беше навистина гадна.


Беше одбиен, исмејуван, понижуван заради таа лузна, но тоа го зајакна неговиот карактер, а ја зголеми неговата издржливост.

„Ми даде карактер и сила, затоа што кога си дете и имаш таква лузна, не е лесно. Начинот на кој те гледаат луѓето, коментарите, тоа не е лесно. Луѓето велеа. „Погледни го лицето, погледни ја главата, тој е грд, одвратен“. Каде и да одев, луѓето зјапаа во мене, но не затоа што јас бев добар фудбалер, туку заради лузната“, раскажува Франк Рибери. 

Децата знаат да бидат многу сурови. Го нарекоа Квазимодо, Скарфејс, Франкенштајн ... Тој се бранеше како што знаеше, понекогаш дури и со тупаници. 

„Ми беше тешко. На училиште ме исмеваа, зборуваа за мене ... Но, иако ме задеваа, јас никогаш не се повлеков и не плачев. Никогаш, никогаш, но многу страдав. Го насочив гневот кон играње фудбал. Без тие лузни, јас би бил нормално момче, а заради тие исмејувања сега имам извонреден карактер и волја. Кога ќе размислувам за сето тоа, јас сум горд на она што го поминав. Не беше лесно, но затоа го сакам своето лице и мојот живот денес“, раскажува Рибери.

Францускиот напаѓач реализира фантастична кариера и покрај тешкото детство. Судбината сакаше тој да помине низ многу трнлив пат до врвот. Растејќи, честопати предизвикувал проблеми, но сè се сменило кога ја запознал својата сопруга Вахибу Белхами. Поради неа ја сменил својата религија и се преобратил во ислам.


„Ја запознав кога имав 16 години, живеевме на истата улица. Се заљубив на прв поглед“, со насмевка се сеќава фудбалерот на Фиоренетина.

Вахиба е девојка од алжирско потекло, а Франк заради неа го зеде муслиманското име Билал Јусуф Мохамед. По лошата епизода во фудбалската школа на Лил, Рибери ја пронајде среќата во Брест. Доаѓањето во тој клуб беше првиот чекор во неговиот неверојатен подем - Мец, Галатасарај, Олимпик Марсеј, Баерн.


Рибери стана херој на нацијата, светски и европски првак, ја освои Лигата на шампионите. Сепак, идилата не траеше долго. Го снајде скандал со малолетна проституција. Имено, Захија Дехар ги наполни насловните страни во 2010 година кога откри дека двајца познати членови на француската репрезентација, Франк Рибери и Карим Бензема, ја платиле за сексуални услуги. Таа сè уште беше малолетна во моментот на скандалот. Захија призна дека плачела половина година подоцна, бидејќи сè протече во јавноста, но славата умешно ја искористи. Фудбалерите беа ослободени од обвиненијата за измама на малолетничка, бидејќи не знаеле колку годишна е кога се забавувале. Захија ги лажеше дека е возрасна, беше роденденски подарок за еден од фудбалерите и за тоа доби 700 евра.

Денес Рибери е дел од Фиорентина, ја залечи повредата, обожаван е меѓу фановите и соиграчите и не размислува за фудбалска пензија.

извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum