Бајден избра трансродна жена како помошник секретар за здравство

Рејчел Левин, секретар за здравство на федералната држава Пенсилванија, е номинирана од избраниот претседател на САД Џо Бајден за помошник секретар за здравство во Одделот за здравство и човечки услуги.


Таа би била првата отворено трансродна федерална службеничка што ќе ја потврди Сенатот на САД.


Рејчел Л. Левин е родена како машко во 1957 година, по професија е лекар педијатар кој работи како Секретар за здравство во државата Пенсилванија.


Таа исто така е професор по педијатрија и психијатрија на медицинскиот колеџ Пен Стејт. Левин е една од само неколку отворено трансродови јавни службеници во САД.

Левин има две деца а полот го сменила во 2011. Со својата поранешна сопруга се развела во 2013 година.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook