Австрија истражува дали Кујтим Ф. бил во камп за обука на терористи во Македонија

Австриската полиција истражува дали атентаторот од виенскиот терористички напад Кујтим Фејзулаи кој има и македонски пасош бил обучуван во камп за обука на терористи во Македонија.

Ова го пренесуваат српски медиуми кои се повикуваат на виенскиот весник Естерајх. “Сега полицијата треба да реши кој го обучувал Фејзулаи да употребува оружје и да ги провери трагите кои водат во Германија и кон еден камп за обука на терористи во Македонија каде што често патувал” , пренесува политика.рс.

Фејзулај атентатот го извршил со автоматска пушка произведена во Застава од Крагуевац што сега се истражува од австриската полиција која не знае како оружјето и муницијата стигнале до терористот, пишува Танјуг.

Атентаторот Кујтим Фејзулај (20), кој во понеделник вечерта во Виена уби 4 луѓе не бил “волк самотник” туку бил тесно вмрежен со австриската исламистичка сцена во која активни биле и други исламисти од Балканот, тврди виенскиот весник „Естерајх”.


извор: vecer.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum