АУДИО БОМБА: Брат на судијка блиска до Заев БАРА 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ УКИНЕ ПРИТВОР (ВИДЕО)

Нова аудио бомба за мафијата: братот на судијка блиска до Заев бара 6 милион евра за да се укине привор”работата оди преку Зоран и Вице Заев”


Нова аудио бомба објавена на социјалните мрежи Twitter и Уoutube според која стои дека станува збор за адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев, каде се слуша дека бара 6 милиони евра за да бизнисмен биде пуштен на слобода.


- Дајте 6 милиони евра и ќе ја завршиме работа, вели Васил Димишков.

Тој во разговор со непознато лице вели дека ќе проба да ја намали сумата иако таа е голема.


 - Тие ми рекоа ( најверојатно Вице Заев и Зоран Заев) ама јас треба уште еднаш да разговарам, ќе им ја намалам нешто тие многу забегаа не очекував толку многу да побараат”, додава  тој


Ова аудио бомба се поклопува со сведочењето на Ана Камчева во случајот Рекет каде посочи уште тогаш дека Камчев бил рекетиран за 6 милиони евра од Димишков.

Таа рече дека Димишков знаел дека за Камчев ќе има кривичен прогон и дека треба да соработува со него, бидејќи, ќе помине полесно.


 - Ми рече дека сестра му Весна Димишкова е во блиски односи со обвинителката Лиле Стефанова…”, кажа сопругата на Камчев.

За слободата на Камчев, требало да исплатат 2, 4 или 6 милиони евра зависно од ситуацијата.

- Рече дека сумата е голема зашто предметот е специфичен и треба со таа сума да се пензионира сестра му. Бев вознемирена и плачев, но и изненадена што не ја знаеше крајната цена за “Рекет”, - кажа Камчева.


Весна Димишкова е и судијката која го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно одработена политичка нарачка. Ова аудио бомба доаѓа ден по признанието на Бојан Јовановски осуден за „Рекет“ дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев

Коментарите на социјалните мрежи се дека ова е нова аудио бомба за мафијата.

извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum