Атанасов до Царовска: Најголем проблем е што вие не разбирате во што е проблемот

„Претходните говорници имаа по 20 минути збор, сега ние имаме само по 10 минути. Тоа е за жал, нема правда. Во 2013-тата година тогаш новото раководство на СДСМ лично ме покани во своите раководни структури, а пред тоа никогаш не сум бил член на партија, за да помогнам во зајакнување на идеологијата на партијата која што очигледно беше крахирана, истакна денес на собраниска седница Петар Атанасов.

„Ме викнаа да помогнам во креирање на стратегии и политики за изградба на македонското општество, за по евентуалната промена на власта и ова да се реализира. Јас мојот дел го исполнив. СДСМ својот дел не го исполни. Тимот што го изградив во СДСМ од посветени луѓе и добри познавачи на образованието и неколкугодишната моја работа пропаднаа. Останаа на хартија сите наши идеи и проекти кои што требаше да дадат подобро образование“, истакна Атанасов.

Атанасов додаде дека денес заради неговите отворени критики кон владата и МОН за најавата за промени во образованието го поканиле за да зеде учество. „Нашето образование прави многу слаб производ. И тоа што вреди не се препознава. Повеќето вработени во образовните институции не вложуваат ништо повеќе од секојдневно рутинско работење, а вака не се менува системот.

Ние немаме основен модел на основно образование, и од тука започнува падот на квалитетот на образованието. Во најмногутте случаи едвај нешто се постигнува, а некаде е со само 50% ефективност“, појасни Атанасов.

Атанасов посочи дека тој бил разочаран како се делат високи позиции во владата. „Мене ми е жал што денес морам да говорам против работата на министерката за образование со која заедно сме се залагале за исти или слични цели. А, денес ја предлага оваа образован реформа.

Мила Царовска е вистински човек, во вистинско време, но на погрешно место. Успешен министер во еден сектор труд и социјала, се носи во еден потежок сектор каде промените мора да се подготвуваат со месеци пред да започне нивната имплементација, и тогаш не можете да бидете сигурни дека нешто ќе успее.

Не е исто да смените еден закон, да имплементирате еден проект со обидот да го менувате системот без доволно подготовки“, нагласи Атанасов. Атанасов рече дека јавната доверба во Мила Царовска и нејзината работа е на најниско можно ниво, тоа бидејќи нуди концепт кој што не е добро осмислен.

„Дури и да ги збуткате овие промени, начинот на кој го правите тоа е повеќе од неуспешен. Не е проблем што има реакции, добро е што има реакции. Проблем е што вие не рабирате во што е проблемот. Каков е тој концепт за кој образовни институции и соодветни факултети се изјаснуваат негативно. Тоа е поразувачки“, кажа Атанасов.

Атанасов додаде дека Царовска со нејзини предлози само ја вознемирува образовната база.



извор: vecer.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum