Aртан Груби: Заев ми вети дека ќе се вработат Албанци во „Тигрите“


Артан Груби, првиот вицепремиер на Македонија, во дебатниот магазин „Клик Плус“ синоќа рече дека во иднина се планира функционери од македонска етничка припадност да присуствуваат на настани во чест на ОВК, додека за неговото присуство на 40-годишнината од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вели дека се одзвал на поканата.


Министерот за политички систем во емијста на ТВ21 истакна дека тоа е добар знак за напредок и време е за меѓусебно помирување.


„Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажува дека државата е заедничка на сите што живееме тука“, рече Груби.


Тој додаде дека и претходно имало Албанци кои биле во редовите на единицата Тигар, но се откажале да служат таму.


Единицата „Тигар“ важи за единствена во која нема припадник од етничките Албанци.



извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum