Арсовски: Заев ветил дека процентот на Албанци на пописот ќе биде над 32 отсто

Премиерот Зоран Заев има ветено дека бројката на Албанци во на пописот ќе биде над 32 отсто од населението, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Овој попис кој го турка СДСМ е политички попис, а не статистички како што треба да биде и како што е секаде во светот и во развиените земји. За жал, ова брутално силување на оваа статистичка операција – попис, е единствено затоа што Заев има веќе договорени бројки на тоа колку жители има Република Македонија од одредени етнички заедници. Ова е цена на коалицискиот договор помеѓу Заев, СДСМ и ДУИ, кој мора да го исполни СДСМ – рече Арсовски.

извор: fokus.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum