Архитекти на успехот: Мрме, Гоче и У21-хероите го направија невозможното!

Македонскиот фудбал со пласманот на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година ја врати вербата кај народот, а сега следи уште еден огромен успех и чекор напред, тоа е пласман на ЕП 2021 за сениори, нешто што пред некоја година беше незамисливо.

Игор Ангеловски е човекот што ја препороди репрезентацијата и од 2015 до 2020 година од 160 позиција на ФИФА-листата ја врати во горниот дел и успеа да ја однесе на еден голем настан. Секако, тука е и големиот Горан Пандев, кој се врати во националниот тим, по барање токму на Мрме, кој првото нешто кое што го направи по назначувањето за селектор беше заминување во Џенова и разговор со Гранде Пандев.


Архитекти на успехот се и У21-хероите на Благоја Милевски. Во актуелниот национален тим кој настапи против Грузија, беа Бејтулаи, Муслиу, Велковски, Николов, Елмас како стартери, како и Ѓоко Зајков, Енур Тотре и Дамјан Шишковски на клупата, како и отсутниот Енис Барди кој несреќно се повреди и не можеше да биде со прикјателите.


Македонија го живее сонот, чека на 2021 година и Европското првенство. Нека се множат успесите!

извор: gol.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum