Апасиев повика на обединување: Да ги закопаме секирите додека да го кутнеме сатрапот Заев

Ако е вистина дека Владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект, тогаш тоа е прогласување тотална ВОЈНА ПРОТИВ НАРОДОТ!

Со оглед на драматичноста и сериозноста на ситуацијава во која сме доведени како народ, а која може неочекувано да се радикализира и да ескалира во следниов период, искрено апелирам до сите слободомислечки наши сограѓани, да создадеме силен и обединет Опозициски антивладин фронт против ова зло кое Македонија го немала од АСНОМ до денес. Да ги закопаме секирите додека да го кутнеме сатрапот Заев, а после пак ќе “ратуеме” – кој на лево, кој на десно. Ако ова не го сконтаме, пред нос ќе ја изгубиме Републиката, а тешко дека следните генерации ќе си ја повратат. Памет у глава и егото на страна. Долг е патот на Борбата!


извор: dijalektika.com

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum