Апасиев: Нови 70.000 Косовари ќе станат државјани на Македонија

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, на Фејсбук напиша дека со изгласаните измени на Законот за државјанство, како што вели тој, околу 70.000 граѓани од Косово ќе може да добијат македонски пасоши, а според пратеникот, тоа го прави владеачката партија СДСМ за да може да обезбедува кворум во Собранието со помош на пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

„До каде (ќе) оди забеганоста на СДС?


Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО - по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!“, напиша Апасиев.


Тој не прецизира како овие граѓани од Косово би се стекнале со 70.000 македонски државјанства, но најверојатно мисли на делот со кој се уредува поднесувањето на барањето на странец за прием на овој документ.


извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum