Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ на изборите, граѓаните најмногу му ВЕРУВААТ НА МИЦКОСКИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите закажани за 15 јули, а Христијан Мицкоски е со најголема доверба кај граѓаните меѓу политичарите покажуваат податоците од најновата анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведена во периодот помеѓу 2 и јули на 1087 полнолетни испитаници во Македонија.


Според дадените одговори на граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе гласаат 21.9 проценти од анкетираните, додека за СДСМ 19.8.


Во албанскиот блок за ДУИ би гласале 5.9 проценти од испитаниците, за Коалиција АА и Алтератива 4.2 отсто. Левица, од анкетираните граѓани, поддршка добила од 1.9 проценти. Не знаат/не сакаат да дадат одговор на ова прашање се 17.1 односно 16.4 проценти од анкетираните граѓани.

извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838