АНКЕТА: Граѓаните не се задоволни од ниту една владина мерка за економската криза

25.57% од испитаниците воопшто не се задоволни од ниту една владина мерка за економската криза - дел од презентираните резултати од анкетата во вечерашната емисија „Објектив“ на МРТ.


Институтот за политички истражувања направи анкета на примерок од 1.087 испитаници во периодот од 27-ми до 30-ти мај прашувајќи ги прашања за справување со економска криза.

На прашањето дали се задоволни од сетот мерки коишто владата ги презентираше за помош на граѓаните и фирмите за да можат од Ковид кризата 40 % од испитаниците велат дека целосно или делумно се задоволни од она што владата го понуди. Тоа е претежно групата од 39 години. Само до некаде задоволни или воопшто не се 37.7%, со тоа што најголемиот дел како што може да се забележи 25.57% воопшто не се задоволни од ниту една владина мерка за економската криза. На прашањето дали сте или ќе бидете корисник на некоја економска мерка дури 70.5% велат дека ниту се, ниту пак ќе искористат која било од економските мерки.

извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum