Ангеловски: Александар Велики ни го оспоруваа, но Горан Велики никој не може да го оспори!

Игор Ангеловски ја исполни мисијата, ги надмина сите прогнози и ја одведе Македонија на Европско првенство. Авторитетниот стручњак загуби многу енергија во подготовката на натпреварот, во текот на сите 90 минути диригираше и остана без глас во конференциската сала во Тбилиси.

„Фала ви на честитките, но честитките треба да ги упатите до моите фудбалери. И не само овие што се тука. Едно момче вечерва лежи в кревет, тоа е Енис Барди. Не се со нас и Кире, Крсте и Буба но и тие се дел од успехот. Македонија имавше еден херој кој го оспоруваа - Александар Велики. Но, ГОРАН ВЕЛИКИ никој не може да го оспори“, рече Ангеловски облеан во вода и од прегратки на неговите репрезентативци.

Експедицијата од Грузија се враќа доцна вечерва и веднаш ќе ја започне подготовката за натпреварот со Естонија в недела. 


извор: gol.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum