Американската амбасадорка на ист став со Мицкоски: Не е време за избори

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз во интервју за „Независен весник“ посочува дека сега не е време за избори и дека истите ќе се одржат само кога условите ќе дозволат.


„Идната фаза ќе бара добро владеење. Ова е паламентарна демократија, така што важно е кога ќе влезете во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата и долгорочното олеснување на рестрикциите, да имате целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните. Така што, од оваа перспектива разумно е да се очекува дека, штом условите дозволат да се одржат безбедно изборите, политичките лидери да утврдат излезно решение така што ќе се соберат заедно и ќе договорат пат за одржување избори кои нема да бидат само фер и транспарентни, туку и безбедни, имајќи ја предвид грижата околу заштитата на граѓаните што треба да излезат на гласачките места и тие што ќе работат на нив“ – вели Брнз во интервјуто за „Независен весник“.

извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum