Александар Нацев: Безбедносно-разузнавачката заедница одработува за власта

Професорот Александар Нацев со објава на својот Фејсбук профил ја обвини власта дека безбедно-разузнавачката заедница обработува за нивни цели.


📌Безбедносно-разузнавачката заедница е вовлечена во партиски пресметки и одработува за власта, при што треба да послужи како заштитна мрежа од евентуалниот пад⁉️ Поставувањето на оваа хипотеза е сосема легитимно доколку се анализираат случувањата од последните неколку денови. Најпрво се обелодени дека АНБ и ОТА сеуште директно се поврзани во комплетниот процес на следење комуникации📡📱 (и за кривични и за безбедносни истраги), што укажува дека процесот на прислушување е компромитиран и незаконски. Потоа имавме случај во кој со гестаповски методи началникот на АНБ во Битола "бранеше" партиски функционери и забрануваше право на мирно искажување ставови на група млади лица. И последно, денес дознаваме дека директорите на Агенцијата за разузнавање 🕵️‍♂️ и на Финансиската полиција 👮‍♂️ се во самоизолација, откако контактирале со лица од највисокото раководство на партијата на власт. Дали ова укажува дека власта се подготвува да ги искористи безбедносните институции за изборен инженеринг? И за крај, прашањето "Дали реформата на безбедносните сили само повеќе ги зајакна службите и нивните активности за партиски цели?", во наредниот период мора недвосмислено да се одговори од стручната и академската јавност.“ - напиша Александар Нацев на својот Фејсбук профил.


83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum