Александар Митовски: На состанок помеѓу Заев и Нина, министерката забележана како бега расплакана

На својот Фејсбук профил, главниот новинар на Инфомакс сподели вест, каде според него вели дека вчера имало состанок во просториите на Министерство за финансии. На состанокот присуствувале министерката Нина, гувернерот Бежовска, еден банкар и Зоран Заев. Сеуште не е јасно по кој повод присуствувал поранешниот премиер Зоран Заев на состанокот на Министерство за финансии.


Според Александар, министерката Нина на крајот од средбата била забележана како си бега расплакана.


„До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди расплакано?

Вчера, имало состанок во просториите на Министерство за финансии на кој присуствувале министерката Нина, гувернерот Бежовска, Зоран Заев (во кое својство, не ми е јасно) и еден банкар.

Состанокот поминал тензично, расправијата била на висок тон, а Нина добила низа на навреди и закани. Навредите се однесувале на нејзиниот интелект, и тоа дошле директно од Заев.

Расправијата пак, била поради недостатокот на средства во буџетот. Заев бил исклучително нервозен поради состојбата во која се наоѓа буџетот, а за тоа ја обвинувал Нина. Поради недомаќинското и неодговорно работење во буџетот нема доволно пари за спроведување на третиот сет мерки кои ги планирал Заев (повторно, во кое својство не знам).

По овој состанок, Нина си заминала расплакана.

Правда за Нина!“ - стои во статусот на Александар.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum