Албин Курти ги повика иселениците Албанци да се попишат масовно на пописот во Македонија

Kандидатот за косовски премиер, Албин Курти, преку видео на социјалните мрежи ја повика албанската дијаспора од Македонија да се регистрира на пописот.

-Бидејќи според македонскиот Устав политичките права на граѓаните во Македонија ги диктираат бројките, регистрацијата на секој граѓанин е исклучително важна. Ова значи дека за политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањата, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично зависат од бројот граѓани на двете најголеми државотворни заедници заедници на Македонија. Напишете го вашето име и кликнете на опцијата: албански, вели меѓу другото Курти во својата порака.

Лидерот на Самоопределување, партијата која убедливо победи на парламентарните избори во Косово, во обраќањето го спомена и неуспехот на пописот од 2011 година.

-Пописот се случува 20 години по оној од 2002 година, бидејќи тој од 2011 година беше откажан од сè уште непознати причини од тогашниот режим на Груевски, истакнува Курти.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838