Албанец со македонски корени еден од напаѓачите во Виена

Албанец чии родители се со потекло од Македонија е еден од напаѓачите во вчерашниот терористички напад во Виена, Австрија, во кој најмалку три цивили загинаа, а 17 се повредени и хоспитализирани. Како што пренесува уредникот на австрискиот неделник „Фалтер“, Флориан Кленк, станува збор за 20-годишниот Куртин С., роден и пораснат во Виена.

Неговите родители немаат никаква врска со изламизмот, пишува познатиот истражувачки новинар на „Твитер“.

Додава дека напаѓачот, кого полицијата подоцна го ликвидираше, бил познат на Службите за безбедност против тероризмот.

Тој беше на радарот на полицијата, затоа што беше еден од околу 90-те австриски исламисти кои сакаа да патуваат во Сирија. Тој беше спречен да го стори тоа во јули. Полицијата не верува дека тој го планирал терористичкиот напад во Виена, пренесува новинарот.


извор: lider.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum