Ахмети за снимката со Заев дека се Шиптари и оти „не вредат ни пет пари“: Не постои поголема навреда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју на ТВ 21 изрази разочараност за новата аудиоснимка која денеска беше објавена на Јутјуб, а во која се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Не знам дали постои поголема навреда за Албанците од тоа тој да рече „ма остави ги Албанците тие се продаваат за пари“. Ова е навреда се до гробовите на Албанците. Дај боже да не е вистина“,-изјави лидерот на ДУИ.

Претходно, Заев снимката ја нарече „срамна манипулација“ и  кажа и дека кога зборувал за „пазарот на гласови“ мислел на ДУИ, односно дека и тогаш и сега мисли дека „не вредат ни пет пари“.

извор: republika.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838