Ахмети: Со СДСМ е договорено „Диво насеље“ да оди на повторно судење

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување во албанската телевизија „Ора њуз“ изјави дека во договорот за коалиција со СДСМ е договорено случајот „Диво насеље“ повторно да се отвори и да се оди на ново судење.

Ние сакаме овој случај да се расветли бидејќи би било во корист на сите страни и сме побарале и сме го ставиле во договорот за коалиција со СДСМ за овој случај да се повтори судењето и повторно да се отвори и да се преистражи се до обелоденување на вистината – изјави Ахмети.

На прашањето за тоа дали тој бил во контакт со групата, Ахмети изјави дека пред настаните имал само информации, а прв контакт со групата реализирал на критичниот ден кога групата побарала безбедно да биде депортирана во Косово.

Сум се изјаснил јавно за овој настан. Имавме некои информации пред да се случи настанот. Ни ветија дека нема да има некакви настани. Но, за жал, имаше настани. И критичниот ден тие ми се јавија на мојот телефон. Побараа моја помош за депортирање од Куманово во Косово, но јас не можев да преземам таква одговорност. Затоа што за време на патувањето некој можеше да ги егзекутира и тоа да остане моја одговорност. Тоа би било предавство. Тие немаа никаква комуникација со мене за да почнат таква активност или не. И никој од моите соборци и другари во Куманово не ми се јави да ми рече „има една група што бара наша помош и бара организација или мобилизација“ – додаде Ахмети

извор: republika.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838