Ахмети контра Заев: Опозицијата постои за да критикува, а не да биде дел од власта

Али Ахмети, лидер на коалицискиот партнер во власта, не се согласува со ставовите на премиерот Зоран Заев во кои ја отвори можноста опозицијата да стане дел од власта.


На новинарско прашање во врска со предлогот на премиерот Заев, Ахмети денеска оцени дека улогата на опозицијата е да биде критичар на власта, објави Алсат-М.

– Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се на место, бидејќи тоа е улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји, рече Ахмети.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838