Агапи Дика: Откако се врати од Белград, Бојан не беше тој што го познавав

Бојан го знам од бебе, израсна со нас. Бојан беше познат на естрадата, правеше емисии, шоуа. Тој замина во Белград на 2 или 3 години, мислам дека се врати во 2016-та година. Кога се врати од таму беше многу сменет, не беше тој Бојан што го познавав. Ова го изјави Агапи Дика, прва од повеќето сведоци на денешното судско рочиште за случајот Меѓународен сојуз, во кој првообвинет е Бојан Јовановски Дика која и самата беше дел од невладината на Јовановски, Меѓународен сојуз во своето сведочење се потсети на времето кога Меѓународен Сојуз се уште бил само идеја, пишува порталот ММС.

– Бојан кажа дека му бил понуден проект за ЕУ за социјално загрозени граѓани. Еден ден бевме на гости кај Миле и Јасмина и дојде Бојан и кажа дека му било предложено да формира Меѓународен сојуз за социјално загрозени граѓани во Македонија. За да го одберат за претседател требало да го гласаат 32 члена, а во игра биле 4 кандидати. По извесно ми кажа дека онлајн го одбрале за да го основа Меѓународниот сојуз. За да го основа МС требало да има основано здружение. По кратко време ми се јави Бојан да ми каже дека ќе дојде Кристина, неговата асистентка за да потпишам договор како основач на здружението. Требаше да има 5 основачи и јас го потпишав договорот, објасни Дика. Таа додаде дека потоа била одржана и свечена седница во Музејот на современата уметност.

– Таму беше народниот правобранител, имаше претставници од МОН, од МВР, присутен беше тогашниот градоначалник, Жерновски, Богоев, Костадин Костадинов, Петре Шилегов. Тоа беше еден вид презентација за работата на МС. Мојата функција беше претседател на Собранието на МС. По завршување на оваа седница Дијана Велевска (народен правобранител) имаше говор, а исто така и Ременски. Имаше мал коктел и заминавме во Дион, објасни Дика која во своето сведочење спомена и дека првото собрание се одржало во хотелот „Александар Палас“.

Бојан беше избран за претседател, јас за претседател на Собранието на МС, потпретседател Јасна Ерцеговиќ, почесен претседател Фросина Ременски, додаде Дика, која како сведок беше предложена од од јавната обвинителка за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева.

– На прашање од обвинителката дали е запознаена со потпишувањето договори со фирмата Пелистер и Грин Вил, Дика одговори дека била на повик за потпишување договори и дека може да изброи колку пати била повикана. Третото собрание на МС требало да се одржи во ноември, но по една порака што ми стигна потоа не се одржи собранието. Имаше преговори за фирмата Пелагонија од Гостивар, Чифлиганец беше на неколку состаноци и фирмата Адора за градење на старечки домови. Имаше делегација испратено на еден плац во Илинден, но колку што знам од тоа немаше ништо. Јас сакав да си дадам оставка од функцијата претседател на Собранието на МС, бидејќи ме прекинуваа на седниците, едноставно сакав да си дадам оставка, додаде Дика.

На денешното рочиште треба да сведочи и бизнисменот Орце Камчев, кој беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum