Се судриле 10 минути пред полицискиот час, неколку лица завршиле во болница



На само десет минути пред почетокот на полицискиот час во Скопје синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа на крстосницата кај улиците Св. Кирил и Методиј и Народен фронт.

Според МВР, несреќата се случила во 23.50 кога се судриле патничко возило „ауди“, управувано од Б.Ф.(42) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано Л.Љ.(31) од селото Радуша, Скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Љ.(29) од с.Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „ауди“, В.С.(44) и М.Л.(41), и двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838