Што се зборуваше зад затвopeни вpaти: Eвe зошто се повлeчe Шекepинскa



Меѓувреме на социјалните мрежи се појави аудио снимка во која наводно се слуша гласот на Радмила Шекеринска во која таа зборува за проблемите во СДСМ.


Шекеринска, јавно упати честитки за изборот на новото раководство на партијата, но според снимка објавена на социјалните мрежи таа на Конгресот изразила и критики за досегашните делувања на партијата.


– Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата, вели Шекеринска на снимката.


Слушнете на следниот ЛИНК.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838