(Видео) Aтентaт како на филм: Еве кога и како требал да биде yбиен Вучиќ



Атентатот врз претесадателот на Србија Александар Вучиќ бил планиран за петти или шести февруари годинава. Ова синоќа го објави новинарот Александар Вучичевиќ на ТВ Пинк. Извршители требало да бидат групата на Велимир Беливук која беше уапсена неколку дена претходно.


Како што пишуваат српските медиуми екипата на Веља невоља добро го разработила планот. Тие требало да бидат скриени во камион застанат на рутата каде што ќе помина автомобилот на Вучиќ. Откако ќе пукаат во него веднаш требало да бидат префрлени во друго возило и да го напуштат теренот.


Другата верзија предвидувала тој да биде укупукан на некои од многубројните средби со граѓани со вкрстен снајпер.


Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на ТВ Прва истакна дека се спремал атентат врз него, кој бил спречен од страна на безбедносните служби.


Според него, на наводните атентатори им недостасувале 48 часа.


– Велат дека им недостасувало 48 часа, затоа имавме најголем број наши снајперисти на отворањето на споменикот на Стефан Немања. Немав панцир и никогаш нема да го носам.


Не ме интересира постапката. Вулин се тресеше од страв, излегов и го прочитав мојот говор. Беа кратки за 48 часа, но без оглед дали бев мета или некој друг, немам доказ. Тие велат дека многу малку им недостасувало да ја преземат целата моќ во Србија, изјави претседателот на Србија.


Повеќе од 850 специјалци беа распоредени за да го заштитат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при откривањето на споменикот на Стефан Немања, изјави шефот на Управата за криминалистичка полиција, Богдан Пушиќ.


Тој во емисијата Хит твит на ТВ Пинк кажа дека безбедносните мерки биле зајакнати, бидејќи разузнавачките податоци укажале на можност за обид за атентат.


извор: лидер


29060043_2016680208590936_36926234558838