Кога сте вие на власт, бумеранг да фрлиш преку граница – нема да се врати


Facebook статус на Александра Крстеска, Магистрант по казнено право и криминологија

Незадоволството од висококоруптивната и во исто време неспособна власт во државата, секојдневно буди реакции, и за жал, се повеќе и повеќе, разочараноста е помеѓу младата популација, токму тие чија прогресивниот и визија, тие чиј ентузијазам и сила, треба да се движечкиот механизам на општеството. Во прилог една таква реакција, во која комплетно е опишано чувството кои го опседнува дел од младиот свет во нашава Македонија.

“Ова е “животот” што ни го донесовте?

Луѓе кои се лечат со донации, умираат зошто немаат пари да се лечат во приватни болници, (зошто државните станаа синоним за касапење и смрт), луѓе кои живеат во нехумани услови на работ на сиромаштија, гладуваат, оставени се сами на себе и на помошта на народот.

Туку, не ви се вас на дневен ред дојдени граѓаните и нивните елементарни потреби. Уставно загарантираното право дека секој човек да има право на достоинствен живот, вие го кршите на секаков можен начин.

Вие сепак прво завршете со уривање на сѐ што остана од “режимот”, оти за тоа навистина рамен ви нема.

Доста успешно го урнавте образованието, го урнавте здравството, го урнавте целокупниот систем и држава. Ама што може човек да очекува од вас секогаш кога и да сте на власт? Сметката од вашето владеење многу дебело ја плаќаме секогаш – дали со територија, име, идентитет, сиромаштија, колабирани институции, “бонбона” бизниси, рекет, изнуди...


Ќе ги враќавте и младите со “животот” овде. Па сите тие патетики пред публика, па чевли пред Влада, …кога зад завесите кристално јасна ви беше намерата. А ако некој не ја виде имаше еден кој постојано укажуваше и велеше да не биде не сум ви кажал…што ќе следува ако се доберите до власт…ама немаше кој да го слушни. Ете ги сега младите – ред “чекаат” кој побрзо да се врати во ова место кое сѐ повеќе наликува на страшна и мрачна сцена, едно мачно поглавје во поновата историја на Македонија. Тие барем заминаа, можеби со грутка на срце ама среќни што не ја гледаат пропаста на сопствената држава, каде вложувале во своите соништа и амбиции, како сега се распаѓа под водство на некадарни и продадени пиуни.


Што се однесува на вашата неспособност за справување со Ковид ситуацијата, прашање на време е кога смртта ќе завладее по улици, зошто болниците се преполни, а ни В нема од вакцини. Битно терајте си ја вие агендата за попис. Одговорност нула.


Кога сте вие на власт, бумеранг да фрлиш преку граница нема да се врати!!!


Не бевме богата држава, ама имавме достоинство, бевме свои на своето и никогаш не преговаравме кои сме и што сме. Македонија никогаш не беше предмет на потсмев и продажби. Секогаш бевме горда и достоинствена нација, свесни за своето богато културно и историско наследство, свесни за своите корени!


Никогаш како сега, паднати на колена, понижени и обезимени!!!”



29060043_2016680208590936_36926234558838