Екатимерини открива: Мицотакис му поставил услов на 3aeв за влез на Maкедонија во EУ



Ако се читаат соопштенијата на македонската влада за средбата на премиерите Заев и Мицотакис во Атина се добива впечаток дека Грција безусловно го поддржува Заев на курсот за пристапување на Македонија во Европската унија.


Но ако се чита највлијателниот и најинформиран грчки медиум, весникот Екатимерини, грчката поддршка за ЕУ доаѓа само под услов ако целосно се почитуваат сите одредби од договорот за името потпишан во Преспа.


Катимерини по состанокот во четвртокот меѓу премиерот Киријакос Мицотакис и неговиот колега Зоран Заев ги појаснува условите за грчката помош кои ги содржи и соопштението на грчката влада.


„Почитувањето на добрососедските односи и целосното, доследно и со добра волја примена на договорот од Преспа остануваат од витално значење. Овие се клучните индикатори во нашите билатерални односи, но исто така и за можноста вашата земја да влезе во ЕУ“, ги пренесува позициите на Мицотакис весникот.


Македонските власти досега не открија дека Атина има 4 кумулативно услови кои мора да се исполнат за безбеден пат до ЕУ за што е заинтересирана и Атина.


Според весникот од своја страна, Заев му честитал на Мицотакис за 200 години грчка независност и рекол дека неговата земја бара помош од својот сосед и стратешки партнер Грција во обидот да се приклучи на ЕУ, но Катимерини не наведува дека добил таква гаранција.


Двајцата лидери според Катимерини ја анализирале и можноста за понатамошна соработка меѓу нивните земји, особено во областа на економијата и енергетиката.



Извор: Експрес

29060043_2016680208590936_36926234558838