Заев: Треба да се рушат 50.000 домови, ако застанеме тука со Законот за дивоградби



Ова е последно носење закон со конечна цел, да заврши бесправното градење од независноста на државата, па дури и претходно, за време на поранешна Југославија, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со одлуката на претседателот Стево Пендаровски, да не го потпише Законот за легализација на дивоградбите. Сега Законот, како што потсети Заев, се враќа во собраниска процедура. – Повторно ќе дискутираме во Парламентот, зашто ако со Законот застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50-те илјади домови на граѓаните, рече Заев. Според него, со Законот, нема да се легализира секој бесправно изграден објект, туку се дава можност за остварување право на сочувување на домот пред се на граѓаните кои се под прагот на сиромаштијата. Има објекти, како што наведе, кои се времени градби или објекти со несоодветни намени на плановите, кои не подлежат на правото на легализација. Во однос на парцелата кај Холидеј ин, премиерот подвлече дека законите мора да се почитуваат.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838