(ФОТОГАЛЕРИЈА) Учениците и родителите масовно против дигитализацијата на Царовска



Револтирани ученици и родители денеска точно напладне излегоа на протести низ целата земја поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.

Револтирани ученици и родители денеска точно напладне излегоа на протести низ целата земја поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците. Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе градови низ земјата. Дел од нив беа во Битола, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Македонска Каменица, Куманово и Радовиш каде масовен број на родители и ученици излегоа поради незадоволството од оваа реформа на министерката Мила Царовска. Инаку тие се гневни и поради фактот што во веќе во графата за родители на децата не стојат мајка и татко, туку родител 1 и родител 2. Од пред Владата на Македонија предводничката на иницијативата, Драгана Спасевска истакна дека институциите не сакаат да ги слушнат нивните барања.


извор: лидер


29060043_2016680208590936_36926234558838